Калин Ивановски завери второ финале во Куршумлиска бања!

76

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски обезбеди ново финале на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Куршумлиска бања во Србија. По она во двојки кое се игра денеска и заедно со Овчаренко, ќе ги одмерат силите со Чепелев/ Халиак, тој ќе има шанса да се бори за пехарот и во сингл.

Ивановски во полуфиналната пресметка во два сета го победи токму неговиот партнер во двојки Украинецот Олександар Овчаренко (четврти носител на турнирот), триумфирајќи со 7-5 и 6-2 за час и половина игра.Во финалето, македонскиот тенисер ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу Французинот Табур и Италијанецот Винсент Руџери.

ПретходноВМФЛ: Последната битка за опстанок, денот – “Д“ за Саса, Тетекс, Пехчево и Слога (В)!
СледноСпектаклот на вечните за место во финале стартува од Аеродром!