Куп на Македонија: Вардар 1961 оди по 16-ка, Пелистер чека ваква уникатна шанса 18 години!

447

Денеска во СЦ „Билјанини Извори“ е завршницата во Купот на Македонија. Кога станува збор за машка конкуренција патниците во финалето беа очекувани, иако ова натпреварување секогаш носи изненадување, но овој пат не видовме такво нешто.

Вардар 1961 и Пелистер повторно ќе ги одмерат силите, и повторно победа ќе значи пехар. Пред една недела во Битола, „црвено-црните“ ја загубија битката за титулата, денеска (18 часот), имаат само една цел, а тоа е ја спасат сезоната токму со одбрана на трофејот во Купот на Македонија, кој за овој клуб бил 16-ти во својата историја.

На другата страна за Пелистер оваа сезона може да биде бајковита. Битолскиот тим во 2005 година успеа да ги подигне и двата пехари. Овој град чекаше цели 18 години за овој успех, па сега момците во зелениот дрес можат да го исполнат сонот на секој битолчанец.

Но, условите се променети. И двата тима играат на неутрален терен.

Вардар 1961 против Алкалоид покажа дека раните по загубената титулата се отворени, па демонстрираше сила, ракометарите се мотивирани, нема да дозволат да останат со празни раце.

На другата страна Пелистер влегува со голема самодоверба по триумфот во Битола, избраниците на Александар Јовиќ се гладни за нов голем триумф, ќе сторат се, да дојдат до пехарот, кој лани им се лизна од раце.

Женското финале е прво на програмата, а тука силите ќе ги одмерат ЖРК Куманово и ЖРК Вардар. „Црвено-црните“ немаа време за одмор за разлика од противникот, кој директно се пласираше во финалето откако бранителот ЖРК Металург се откажа.

Вардарки го победија новиот првак Ѓорче Петров и најавија атак на трофејот против Куманово.

Претходно„Ролан Гарос“ го зголеми наградниот фонд
СледноВМФЛ: Последната битка за опстанок, денот – “Д“ за Саса, Тетекс, Пехчево и Слога (В)!