Леброн и Лејкерси го исфрлија шампионот и стигна до финалето на Западот

1075

Лос Анџелес Лејкерс го елиминира актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс откако во шестиот меч го совлада со 122:101 и со тоа стигна со севкупна победа од 4:2 во полуфиналната серија.

Со тоа Лејкерс станаа првиот тим кој го елиминирал Голден Стејт пред НБА финалето уште од 2014 година. Голден Стејт играше на шест од осум НБА финалиња, а два пати го пропушти плеј-офот.

Кај Лејкерс најдобар беше Леброн Џејмс кој го заврши мечот со 30 поени, девет скокови и девет асистенции. По него следуваат Ривс со 23 поени, Расел со 19, Дејвис со 17 поени…
Кај Вориорс Стеф Кари постигна 32 поени, имаше и шест скокови и пет асистенции.

Па така во конференциското финале (на Западот) Леброн и Лејкерс ќе играат против Денвер Нагетс предводени од Никола Јокиќ. Првиот меч се игра на 17 мај.
Тоа ќе биде петто конференциско финале во историјата на Денвер, а атакува на првото големо финале.

ПретходноРеми на Лацио со Лече во најлош момент
СледноМајами ги елиминира Никс и се пласира во финалето на Истокот