Лидс е во голем проблем, реми против Њукасл и зона за испаѓање (ВИДЕО)

108

Екипата на Лидс на домашен терен одигра 2:2 против Њукасл на отворањето на новото Премиер лигашко коло викендов и со тоа си ја искомплицира уште повеќе ситуацијата со опстанокот.

Иако имаше се во свои раце сепак, домаќинот на овој меч успеа некако да не победи и да не ги освои злато вредните три бода. Имено, по само седум минути игра Ајлинг ги донесе домаќините во водство, за да во 28. минута биде досуден пенал за нив. Бамфорд наместо да зголеми на 2:0, го промаши ударот од белата точка. Да биде трагедијата поголема, само три минути подоцна пенал на спротивната страна. Овојпат, Вилсон сигурен реализатор, па резултатот е 1:1.

Истиот играч во 69. минута се најде во истата ситуација. Пенал за Њукасл, Вилсон сигурен реализатор, и 1:2, за гостите. За среќа, Кристенсен израмни на 2:2, и спаси барем бод за Лидс, кој со ова реми собра вкупно 31. поен и е во зоната за испаѓање.

ПретходноКалин најдобар во двојки во Куршумлиска бања
СледноСамо домашно реми за Сосиедад