Мартин победи на спринтот на Ле Ман, Бањаја тргнува од пол-позицијата

225

Шпанецот Хорхе Мартин е победник на денешниот саботен спринт, петти сезонава во Мото ГП, овој пат возен пред трката за Големата награда на Франција на патеката во Ле Ман.

Возачот на Прамак го постигна првиот триумф во кариерата во спринт со време од 19:59.037, откако претходните четири изданија ги освоија Франческо Бањаја од Дукати и Бред Биндер од КТМ, кој исто така беше одличен во Ле Ман, освојувајќи го второто место.

Трет заврши актуелниот шампион и лидер во генералниот поредок Бањаја.

Утре на официјалната трка од пол-позицијата ќе почне Франческо Бањаја, кој денеска победи на квалификациите пред Големата награда на Франција.

Враќањето од повредата на Марк Маркез му донесе второ место во квалификациите.

ПретходноФМП славеше над Чаир во меч без резултатско значење
СледноБорко Ристовски со провокација до битолчани: Денеска бев по риба (ФОТО)