Тимот на Уникс Казан на чело со нашиот Ненад Димитријевиќ го направија веројатно клучниот брејк во финалната серија од шампионатот на Русија, откако предмалку со 88:90 го совлада тимот на Локомотив Кубан на негов терен.
За ова им беше потребно и едно продолжение, затоа што регуларниот дел од мечот заврши нерешено. Згора на тоа, Нено и немаше баш свој ден, затоа што го заврши мечот уште на стартот на последната четвртина со шест поени ни и пет лични грешки.
Сега, серијата е со предзнак 3:1 за тимот на Уникс, а следниот меч се игра на негов терен во вторник.