Новак Ѓоковиќ успешно стартуваше на АТП турнирот во Рим на кој ја брани титулата. Во 2.коло го победи Аргентинецот Томас Мартин Етчеверија со 7-6 и 6-2, а по мечот го совладаа емоции.
„Многу ми е жал. Немав можност досега да се обратам до јавноста по повод масакрот во училиштето „Владислав Рибикар“. Прво мое сочуство до фамилиите на сите деца што загинаа во тој напад. Јас сум родител на две мали деца и можам да замислам како се чувствуваат тие родители. Им посакувам сила и љубов и се надевам дека ќе го поминат овој тежок период“, изјави Ѓоковиќ со солзи во очите.
ИЗЈАВАТА МОЖЕТЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ