„Ролан Гарос“ го зголеми наградниот фонд

162

Отвореното првенство на Франција, популарниот „Ролан Гарос“, ќе се одржи од 28 мај до 11 јуни. Наградниот фонд за најголемиот турнир на земја е зголемен и ќе изнесува 49,6 милиони евра што е за 12,3% повеќе од минатата година, потврдија организаторите.
Тие исто така соопштија дека победниците во женска и машка конкуренција ќе добијат по 2,3 милиони евра што е за четири отсто повеќе од претходната година.
Наградниот фонд ќе изнесува 49,6 милиони евра, што е за 12,3 отсто повеќе од минатата година. За парите да бидат рамномерно распоредени, ја зголемивме заработувачката за поразените тенисери во првите три кола. Тие ќе добиваат 11 до 13 отсто повеќе во однос на минатата година“, соопштија организаторите.

ПретходноХаланд ја „прегази“ конкуренцијата за првата голема награда во Англија
СледноКуп на Македонија: Вардар 1961 оди по 16-ка, Пелистер чека ваква уникатна шанса 18 години!