Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека уште пред да седне на клупата на „Црвените ѓаволи“ им понудил талентиран напаѓач за само 4 милиони фунти меѓутоа од таму не го послушале.
Солскјер не го соопшти името на играчот кој сакал да го види во Јунајтед, меѓутоа медиумите тврдат дека тој зборува за Ерлинг Халанд, кој сега игра во Манчестер Сити и урива рекорди. Халанд беше во Молде пред да замине во Салцбург, а од таму во Борусија Дортмунд па во Манчестер Сити.
„Имав талентиран напаѓач кој требаше да биде дел од Манчестер Јунајтед. Им се јавив шест месеци пред да ми ја понудат работата во Јунајтед. Им реков дека имам супер напаѓач и клубот е спремен да го продаде за само 4 милиони фунти! Само 4 милиони фунти!!! Тој требаше да игра за Јунајтед сега, но не ме послушаа. И каде е тој сега? Не ме прашувајте повеќе…“, изјави Солскјер кој пред да дојде во Јунајтед беше тренер на Молде.