Битката за плеј-оф финалето во мак-баскет стартува денеска. Очите се вперени во СЦ „Јане Сандански“ каде бранителот на тронот, МЗТ Скопје го пречекува вечниот ривал, Работнички.
Според резултатите од оваа сезона, „сино-белите“ се апсолутни фаворити, но бидејќи станува збор за пресметка на лутите ривали, тука понекогаш ниту посилниот состав нема главна улога, туку инспирацијата, мотивот, жарот, желбата за победа.
МЗТ Скопје до крајот на сезоната е доверен на младиот Васко Атаносов. Ја прифаќа улогата на фаворит, верувам во своите момци, а вечерва очекува спектакл како што заслужува едно вакво дерби, со среќен крај за неговиот тим.
„Пресметките против Работнички секогаш носат посебен предизвик, а со тоа и одговорност, да се даде се од себе. Полуфиналето се игра до две победи, поради што нема простор за опуштање. А тоа воедно носи и дополнителен мотив да се даде максимумот од првиот до последниот момент. Ја прифаќаме улогата на фаворит. Но далеку од тоа дека ќе биде лесно. Веруваме во себе и во квалитетот кој го поседуваме, и ако одиграме како што знаеме тогаш победата ќе биде многу блиску. Очекувам спектакл каков што заслужува едно вакво големо дерби, секако со радосен епилог за нашиот тим на крајот“ – смета новиот предводник на „металците“ од клупата.
Работнички се обидува да го врати стариот сјај веќе долго време. Се менуваат управи, тренери, играчи…Најтрофејниот кошаркарски колектив и натаму е без сопствен дом, „кираџија“ во Кале. Па можеби еден добар финиш на сезоната ќе ги разбуди сите оние кои ветиле да помогнат, а останале само на зборови.
Мечот со меѓу МЗТ Скопје и Работнички е закажан со почеток во 20.15 часот.