Манчестер Јунјатед влезе во негативна серија од два порази во првенството. Прво загуби од Брајтон, а потоа и од Вест Хем. На последниот првенствен натпревар виновник за голот беше голманот Давид де Хеа, кому му истекува договорот. За него зборуваше тренерот Ерик тен Хаг.
“Тој беше добар, не можеме да го игнорираме тоа. Но, индивидуалните грешки се дел од фудбалот. Тие се случуваат. Нема да го исфрлам од тимот, тој дефинитивно ќе игра. Мислам дека преговорите за нов договор не се причината зошто греши. Дејвид е многу искусен“, рече Тен Хаг на последната прес-конференција.
Манчестер Јунајтед е четврти во поредокот со 63 бода. Се уште е место кое води во Лигата на шампионите следната сезона. Тој беше претекнат од Њукасл, кој на три кола пред крајот има 65 бода, но и натпревар повеќе од Јунајтед.