Фантастичната прва сезона во Премиер лигата, на норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд му донесе нова награда. Напаѓачот на Манчестер Сити е избран за „Фудбалер на годината“ од Асоцијацијата на спортските новинари на Англија.
Халанд до сега има 51 гол во 47 натпревари во сите натпреварувања.
За него гласале 82% од учесниците, што е нов рекорд во изборот на Асоцијацијата во ерата на Премиер лигата. Право на глас имале 400 новинари од Англија.
Конкуренти на Халанд му беа Букајо Сако од Арсенал, потоа Мартин Одегард исто така од Арсенал, Кевин де Брујн од Манчестер Сити и Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед.
(1) Haaland
(2) Saka
(3) Ødegaard
(4) De Bruyne
(5) RashfordErling Haaland won the Football Writers’ Association Footballer of the Year award with the largest share of votes since the Premier League era started (82%) 🔥 pic.twitter.com/wYvSu581FE
— B/R Football (@brfootball) May 12, 2023