Борко Ристовски со провокација до битолчани: Денеска бев по риба (ФОТО)

21026

Вардар 1961 сепак не му дозволи на Пелистер да му земе уште еден трофеј оваа сезона. „Црвено-црните“ го победија големиот ривал во финалето на Купот на Македонија и стигнаа до 16. пехар во ова натпреварување.

Борко Ристовски кој во текот на целиот меч постојано беше провоциран од страна на навивачите на Пелистер, не заборави да ги „пецне“ после победата.

На својот „Инстаграм“ профил сподели фотографија со пехарот потенцирајќи дека денеска бил по риба…

ПретходноМартин победи на спринтот на Ле Ман, Бањаја тргнува од пол-позицијата
СледноРаботнички не го издржа темпото на првакот, МЗТ Скопје на победа до финале (ФОТО)