Белгискиот фудбалер Аксел Витцел објави дека нема повеќе да настапува за репрезентацијата на Белгија. Тој учествуваше на пет големи турнири со националниот тим, запиша 15 гола и осум асистенции во целата кариера за Белгија.
„Беше голема чест да ја претставувам мојата земја 15 години. Но, сега ми е важно да можам да поминувам повеќе време со семејството и да се фокусирам на мојот клуб. Новата генерација несомнено ќе ни пружи уште поголеми моменти“, напиша 34-годишниот играч за врска на Атлетико (Мадрид), кој има 130 настапи за „црвените ѓаволи“ и е само втор по Јан Вертонген.
View this post on Instagram