ВМФЛ: Последната битка за опстанок, денот – “Д“ за Саса, Тетекс, Пехчево и Слога (В)!

551

Попладнево на програмата се сите осум мечеви од 30.коло и, последно во ВМФЛ. Ако битката за тие први места кои водат во елитата е решена, Воска и Гостивар се пласираа во ПМФЛ а Вардар ќе игра бараж со Скопје, тогаш битката за опстанок и тоа како е замрсена.

Познато е дека 12.место води во сигурен опстанок, 13. место води во бараж, а 14., 15., и 16. водат во трета лига. Борец одамна е испаднат па така сега ќе се бараат уште две екипи кои ќе мораат да им се придружат на велешани.

Во пресрет на денешните мечеви, Саса е на 12. место со 30 бодови, Тетекс е на 13.место со 28 бодови, Пехчево е на 14.место со 27 бодови а Слога (В) е на 15.место со 25 бодови.

Саса игра кај Пелистер, на кого не му треба ништо и тимот од Каменица со бод ќе избори сигурен директен опстанок.

Тетекс му гостува на Арсими, и ако сака да го задржи бараж местото ќе мора да победи, иако има опција и со реми тоа да го стори. Тетекс ако сака директен опстанок ќе мора да победи а Саса да загуби во Битола.

Пехчево игра дома со Беса, но и во случај на победа не зависи ништо од овој тим. Ќе мора да се надева на порази на Саса и Тетекс.

Слога (В) има теоретски шанси. И може да стигне најмногу до бараж. И треба победа кај Детонит, но и пораз на Тетекс и не повеќе од бод за Пехчево.

Знаеме дека е многу замрсено, затоа останува да ги видиме резултатите на последните мечеви денеска па дури потоа ќе знаеме кој ќе избори опстанок, која екипа ќе игра бараж а кој мора во Трета лига.

ДВОЈКИ ЗА 30.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)

Пелистер – Саса

Пехчево – Беса

Караорман – Гостивар

Борец – Воска

Детонит – Слога (В)
Охрид – Беласица

Арсими – Тетекс

Кожув – Вардар

ТАБЕЛА

1.Воска 72

2.Гостивар 70

3.Вардар 63

4.Пелистер 57

5.Беса 48

6.Детонит 47

7.Арсими 40

8.Охрид 38

9.Беласица 35

10.Караорман 34

11.Кожув 33

12.Саса 30

………………………..

13.Тетекс 28

…………………………….

14.Пехчево 27

15.Слога (В) 25

16.Борец 2

ПретходноКуп на Македонија: Вардар 1961 оди по 16-ка, Пелистер чека ваква уникатна шанса 18 години!
СледноКалин Ивановски завери второ финале во Куршумлиска бања!