Исповед на најдобриот на светот: Алкохолот и дрогата ќе ми го уништеа животот

2016

Легендарниот снукер играч и седумкратен светски шампион, Рони О’Саливен во интервју за Би-би-си раскажа детали од неговите тинејџерски години кога се препуштил на пороците и консумирал дрога и алкохол. Проблемите почнале кога неговиот татко во 1992 година бил осуден на доживотен затвор. Во својата автобиографија напишал: „Тогаш почнаа лудите години“.
Чувствувам огромна празнина од тоа време. Во младоста изгубив цели седум години консумирајќи алкохол и наркотици. Пиев секој ден, пушев канабис, а неретко знаев да посегнам и по синтетичките дроги. Станав непријатна личност.
Бев во скоро безизлезна ситуација, но успеав да го вратам животот во нормала. Следуваше период на четиригодишна рехабилитација и мојот живот немаше допирна точка со снукерот.
Не бев фокусиран на најважното и многу ми е жал поради тоа. Не вежбав многу, а и во главата имав проблем, сметав дека нема да бидам доволно добар“, изјави легендарниот О’Саливен.

Последниот трофеј го освои во 2022 година, а во својата кариера дури седум пати беше освојувач на Светскиот шампионат и тој е најдобар снукер-играч на сите времиња.
Не сакам да бидам во близина на пијани луѓе. Подобро би лежел во кревет и би гледал Нетфликс. Моето среќно место е утринското трчање“, додаде О’Саливен.

ПретходноУапсен репрезентативец на Србија поради тепачка
СледноСолскјер им го нудел Халанд на Јунајтед за 4 мил. фунти, но го одбиле