Каков срам: Полицаец го удри Талески со пендрек по глава (ВИДЕО)

5048

По завршување на мечот меѓу Вардар и Пелистер во финалето на Купот на Македонија дојде до мешаница на теренот. А неколку часа по завршување и на средбата, на „Инстаграм“ профилот на Филип Талески може да се види видео на кое полицаец го удира македонскиот репрезентативец со пендрек по глава.

Без никаква причина, полицаецот се осмели да го направи ова срамно дело, за кое се надеваме дека ќе сноси одговорност.

Се чини само во Македонија се удри по своите спортисти, а за да срамот биде уште поголем, видеото веќе е споделено низ сите европски медиуми. Овој полицаец испрати лоша слика за нашата земја, особено за начинот на кој се третираат македонските репрезентативци.

Претходно“Само Јокиќ е подобар од Дражен…“
СледноНавивачите на ПСЖ го навредуваа Меси додека изведуваше корнер (ВИДЕО)