Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски е победник на турнирот во Куршумлиска бања, Србија во двојки. Тој заедно со својот партнер Олександр Очаренко од Украина во финалето го совладаа двоецот Чепелев Халиак со 1:2 по сетови, конкретно, 6:3, 7:5, 10:5.
Со ова, Ивановски оствари уште еден супер резултат во сезоната која што очигледно стартува и повеќе од добро за него.
Речиси на секој турнир каде што учевствува дел е од самата завршница, а еве и титулите почнуваат да пристигнуваат што секако е добар знак за неговата форма во моментов.