Куманово е новиот освојувач на Купот на Македонија во женска конкуренција. Во финалето ракометарките на овој тим го совладаа Вардар со 30-31. За победникот ова трет трофеј во историјата.
„Црвено-црните“ беа подобр тим во воведните минути од првото полувреме, 6-4, 9-7 и 11-9. Пред Куманово се издигна целосно со серија од 5-0 дојде до позитива 12-17. На другата страна тимот на Александар Царчев беше исцрпен од вчерашната средба, па противникот поведе со 14-19, ја искористи свежината.
Кога се чинеше дека Куманово лесно ќе дојде до лесна победа, Вардар се врати. Зечевиќ доби црвен картон, Стефановска израмни на 31-31 на 25 секунди до крајот. Сепак ракометарките на Куманово преку Граматова ја решија драмата 31-32.
Алмеида Андреза со 11 гола беше прв стрелец кај победникот, Ивановска запиша пет. На другата страна пак Стефаноска постигна 10 гола.
Најдобра голманка, Андреа Илиќ, додека пак двете индивидуални награди и припаднаа на Андреза Алмеида.