Пред доделување на пехарот и медалите, РФМ ги прогласи најдобрите за ова издание на Купот на Македонија. Сите признанија отидоа во рацете на старо-новиот освојувач на трофејот.
Борко Ристовски е прогласен за голман, кој во финалето имаше седум одбрани. Дејан Манасков е најдобар стрелец, тој одигра само полуфинале против Алкалоид, додека пак МВП признанието отиде во рацете на Фереира Леонардо.
Вардар 1961 го освои 16. трофеј и натаму е најтрофеен тим во ова натпреварување.