Тимот на Реал Сосиедад одигра 2:2 против тимот на Гирона на домашен терен и на тој начин не успеа да дојде само до 62 бод сезонава, кој и вака го остава овој тим на место кое води во Лигата на Шампионите.
Домаќинот водеше со 2:0 по само половина час преку головите на Ојарзабал и Силва но до полувреме веќе гостите израмнија на 2:2 преку Коуто и Стуани.
Во вториот дел гостите поради црвениот картон на Ромеу го завршија мечот со играч помалку. Сепак, тоа се случи на само неколку минути до крајот, па домашните реално и немаа премногу време да ја искористат бројчаната предност.