Српската полиција го уапси голманот на Раднички Ниш, Драган Росиќ поради тепачка во ноќен провод и нанесување на сериозни телесни повреди. Росиќ кој се најде на списокот на селекторот Драган Стојковиќ Пикси за квалификациите за ЕП 2024, а бранел и на пријателскиот меч против САД во јануари оваа година му нанел тешки повреди на главата и телото на 20-годишно момче.
Росиќ и момчето се спречкале во ноќен клуб, па потоа излегле надвор да се пресметаат. Голманот му нанел сериозни повреди на момчето, наводно му ја скршил вилицата шутирајќи го додека лежел на улица.
Полицијата му ставила лициси и му поднела кривична пријава, а потоа ќе биде изнесен пред суд.
Поради овој инцидент Росиќ си ја загроси репрезентативната кариера, а сигурно и Раднички ќе му изрече одредени санкции.