Што навистина се случува во таборот на Шкупи, на довчерашниот шампион? По заминувањето на спортскиот директор Омер Буњаку, следуваа заминувањата на Кристијан Наумовски и Фреди Алварез, двајцата веројатно најдобри играчи на Шкупи, а од денеска член на тимот од Чаир не е ни Пепи Ѓорѓиев, напаѓачот кој по една сезона одлучи заедно со клубот на спогодбен раскин на договорот.
Па така сега одличниот шпиц е слободен и може да оди каде што ќе добие најдобра понуда и тоа без никакви проблеми.
Да потсетиме дека Пепи Ѓорѓиев (28), во својата кариера покрај Шкупи играше и за Кожув, Беласица, Брегалница, Силекс, Теута (Албанија), А. Пандев.
Минатото лето беше трансферна цел на Шкендија и Работнички, но сепак се одлучи да потпише за Шкупи.