Вчерашниот меч меѓу Караорман и Гостивар, на кој славеше сега веќе новиот прволигаш со 0:2, беше последен за Муарем Муарем. Играчот на Гостивар и еден од најзаслужните за враќањето на овој клуб во ПМФЛ по цела една деценија, ја заврши кариерата.
Популарниот Муки ќе остане во клубот, и тоа како помошник на новиот шеф на стручниот штаб, најверојатно Жикица Тасевски.
Инаку Муки става крај на својата кариера на 34 години. Тој е некогашен фудбалер на Работнички,Тетекс, Ордуспор (Турција), Карабах (Азербејџан), Ескишехир (Турција), Актобе (Казахстан), ШКупи, Фљамуртари (Албанија), Брегалница има и шест настапи на нашата најдобра репрезентација.