Фудбалерите на ПСЖ се доближија до одбрана на шампионската титула совладувајќи го Ајачио со 5:0 во 35. коло во Лига 1. ПСЖ има шест бода повеќе од Ленс на три кола до крајот.
По суспензијата која ја доби од раководтвото на ПСЖ, Лео Меси настапи на оваа средба. Аргентинецот и натаму е на мета на навивачите. Од натпревар во натпревар тие го исвиркуваат најдобриот играч на минатото Светско првенство.
Меси овој пат само им се насмевна. Го обвинуваат што не потпишал нов договор со ПСЖ, а неодамна е суспендиран поради тоа што без дозвола заминал во Саудиска Арабија каде наводно преговарал за трансфер во тамошниот клуб Ал Хилал.
اقسم بالله احبببه قاعدين يصفرون عليه وهو يدقدق في الكوره😭😭😭😭😭😭😭😭😭😭😭😭😭😭😭😭😭😭😭 pic.twitter.com/jzAULrwKTn
— بطل العالم (@i_messi30) May 13, 2023