ПМФЛ: Да се знае кој е кој, Струга ТЛ го “скрши“ Шкупи, Брегалница и Шкендија победнички, убедлив Тиквеш, реми во Струмица…

638

Со денешните мечеви од 33.коло и официјално заврши сезоната 2022/23. Во супер – дербито Струга ТЛ покажа кој е кој и со стил ја заврши сезоната, со победа од 2:1 против Шкупи, против досегашниот шампион.

Адетунџи донесе водство, но затоа Радески и Ибраими стрелаа за победа за завршување на шампионската сезона со стил за Струга ТЛ. Едноставно стружани покажаа дека во оовој момент, едноставно се најдобри.

Шкендија со 1:2 славеше кај Работнички, исто така и Брегалница славеше со 1:2 но на гостувањето кај Скопје. А. Пандев и Силекс одиграа 2:2, додека Тиквеш со 1:4 во Прилеп ја испрати Победа во Втората лига.

Со ова коло се става крај на сезоната 2022/23.

Македонија ЃП беше слободна.

РЕЗУЛТАТИ 33.КОЛО

А.ПАНДЕВ – СИЛЕКС 2:2

(Љамалари (авт) 3., Д. Трајков 6.,/Јанкулов (авт) 12., Ѓорѓиевски 20.)

СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА 1:2

(Хајдари 28.,/Ѓорѓиев 20., Ѓокиќ 85.)

ПОБЕДА – ТИКВЕШ 1:4

(Ѓурковиќ 30./…51.,Миловановиќ 54., 84.)

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 1:2

(Рушевиќ 52./Дориев 51., Шаља 76.)

СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 2:1

(Радески 52., Ибраими 85./Адетунџи 28.)

МАКЕДОНИЈА ЃП (СЛОБОДНА)

ПретходноАтлетико загуби од испаднатиот Елче (ВИДЕО)
СледноЕдноставно најдобар: Бесарт по петти пат е “кралот“ на головите во ПМФЛ!