Шампионска фешта покрај езеро: Струга ТЛ денеска го добива пехарот!

261

 

Ете, од денеска Македонија ќе има и официјално нов првак во фудбал, тоа е Струга Трим Лум, гордоста на градот на поезијата. Градот кој сега може да се пофали дека за првпат има шампионски тим, има најдобар клуб во државата во еден екипен спорт, и тоа во фудбал.

Попладне по одигрувањето на дербито со Шкупи, меч од последното коло во тековната сезона, претставникот на Фудбалската федерација на Македонија на тимот на Струга ТЛ ќе и го додели пехарот и со тоа ќе овој тим и официјално ќе биде прогласен за најдобар во државата.

Секако дека се подготвува фешта покрај езерото, најавена е голема посета на трибината, семејството Ќира кое е сопственик на клубот и најзаслужно за неверојатниот подем на клубот, постои само осум години, очекува многу гости, така да ложата секако дека ќе биде претесна да ги прими сите оние кои ќе сакаат да и честитаат на Струга ТЛ за фантастичниот успех.

После официјалниот дел, тука мислиме на предавањето на пехарот, најавена е и шампионска забава во еден од хотелите во градот на која играчите, стручниот штаб, раководството, со своите пријатели и фанови и тоа како ќе ја прослават титулата која е апсолутно заслужена.

ПретходноЕх моја Македонијо со пендрек удри по чедото кое гордо го носи националниот дрес!
СледноСе повреди еден од клучните играчи на Реал пред реваншот со Сити!