Ќатип Османи си поднесе оставка: Ова беше мојот последен меч како тренер на Шкендија!!!

1326

Шкендија денеска во меч од 33.коло во ПМФЛ го победи Работнички со 1:2, сепак на крајот заврши како трета, што секако дека е неуспех за најбогатиот клуб во Македонија.

По мечот Османи во изјава за клупскиот сајт истакна дека денешниот меч за него беше последен како тренер на Шкендија.

Тоа значи дека тој си поднесе оставка од местото шеф на струката на кое беше од август минатата година.

Ова беше мој последен меч како тренер на Шкендија. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на сите во клубот, за сета поддршка што ја имав од играчите, фановите, рајоводството и спонзорот. Им благодарам“ изјави Османи кој со Шкендија има освоено три титули, но сега не успеа.

ПретходноБуњамин Шабани со пехарот: Ова е моја прва титула во ПМФЛ, Струга ТЛ направи чудо, пресреќен сум! (ФОТО)
СледноНевиден малер: Погба повторно се повреди! (ФОТО)