Бeзеки победи во хаосот на јубилејната 1000-та трка во Мото ГП

139

Марко Безеки од Италија е победник на денешната трка во Мото ГП која се возеше на патеката Ле Mан за ГН на Франција. По многу излетувања и незгоди, на крајот само 13 мотоциклисти успеаја да ја минат целната рамнина.

Проблеми имаше уште на стартот, затоа што дел од возачите кои возат сезонава во Мото ГП не се појави на траката. Раул Фернандез не возеше поради операција, а недостасуваа и Пол Еспаргаро (заменет со Јонас Фолгер), Мигел Оливеира (замена Лоренцо Савадори) и Енеа Бастианини (Данило Петручи).

Безеки победи со време од 41’37,9700, а на подиумот имаше уште двајца возачи на Дукати – Хорхе Мартин имаше голема разлика од +4,256, а трет на „домашната патека“ беше Жоан Зарко со заостанување од +4,795.

Ова беше јубилејна 1000-та трка во историјата на Мото ГП шампионатот, а воедно беше најгледаното Гран при во историјата. Само денеска возбудувањата на Ле Ман ги гледаа 116.000 гледачи или вкупно 278.805 гледаши за цел викенд, со што е урнат рекордот од 248.000 во Брно во 2015 година.

ПретходноДобра вест за Анчелоти: Повредата на Камавинга не е сериозна, ќе игра против Сити
СледноИвановски поразен во финалето на ИТФ турнирот во Србија