Бесарт Ибраими и во оваа 2022/23 сезона е “кралот“ на головите, по петти пат е најдобар стрелец во ПМФЛ. И на последниот меч со Шкупи на дербито стрелаше за победа, ова за него беше 19 гол во сезоната, со тој гол стави точка на шампионатот. Инаку ова беше и негов 186 гол во историјата на ПМФЛ.
Навистијна раритет, Бесарт едноставно покажа дека е убедливо најдобриот стрелец и голгетер во изминатите 31 сезони во самостојна Македонија.
Интересно, ова за него е петта титула, една со Ренова, три со Шкендија и сега е еве со Струга ТЛ.
Сега на ред е пехарот во Купот за да сезоната за Бесарт, па и за Струга ТЛ, биде совршена.