Ивановски поразен во финалето на ИТФ турнирот во Србија

70

Најдобриот макеоднски тенисер, Калин Ивановски, не успеа да ја освои ИТФ титулата на турнирот во Куршумлијска Бања во Србија откако денеска во финалниот меч загуби од седмиот носител на турнирот, Французинот Клемен Табур.

Французинот славеше со 2:1 во сетови (6:4, 3:6, 6:2) и ја оправда фаворитската улога во финалниот меч. Ивановски направи се за да дојде до првиот трофеј оваа година, но шансата ќе ја чека во некоја друга прилика. Мечот траеше два часа и 39 минути.

ПретходноБeзеки победи во хаосот на јубилејната 1000-та трка во Мото ГП
СледноБитолчани поднесоа жалба до РФМ за судењето на куп-финалето против Вардар (ВИДЕО)