Италијанската федерација отвори постапка против Милан за заканите од навивачите по мечот со Специја

1630

Италијанскиот фудбалски сојуз денеска отвори интерна истрага за случувањата по вчерашниот меч од Серија А меѓу екипите на Специја и Милан. Имено, по мечот е забележано дека некои од челниците на навивачките групи на Милан кои беа на стадионот на Специја со повишен глас и закани им се упатија на „построените“ фудбалери на „росонерите“.

Сега здружението сака да утврди дали се работело за конкретни закани или само „прекорување“ пред мечот со Интер во Лигата на шампионите. Од Федерацијата и нивните дисциплински тела најавија дека детално ќе се прегладаат снимките од стадионот пред да се донесе одлука.

Доколку се утврди дека навивачите им се заканувале на своите играчи, полицијата може да поведе постапка против нив, а клубот ќе биде казнет.

ПретходноБитолчани поднесоа жалба до РФМ за судењето на куп-финалето против Вардар (ВИДЕО)
СледноГундоган и Халанд го „срушија“ Евертон (ВИДЕО)