Кениец истрча најдобро време на „стотка“ оваа година

161

Кенискиот спринтер Фердинанд Омањала го истрча најбрзото време на светот оваа година на 100 метри на меѓународниот митинг во родниот Најроби. Омањала „стотката“ ја истрча за 9,84 секунди и убедливо ги победи двајцата Американци, Кевин Беднарек и Марвин Брејси-Вилијамс.

Омањала по настапот изјави дека и не е задоволен бидејќи сакаше да го собори африканскиот рекор кој го постигна пред две години на истиот стадион, кога истрча 9,77.

ПретходноФеникс го „шутна“ Монти Вилијамс
СледноФиорентина потврди: Барса може да го добие Амрабат за 20 милиони евра