Така е кога се игра до последната секунда, до последниот свиреж на судијата и кога едноставно не се предаваш до крај и кога веруваш дека ќе победиш и тогаш кога резултатот е 0:1.
Лајпциг со 2:1 во меч од 32.коло во Бундес лигата го совлада Вердер и освои големи три бода кои значат веројатно пласман во Лигата на Шампините.
А не беше се така едноставно за “биковите“ од Лајпциг, посебно ако се знае дека гостите од Бремен поведоа со голот на Битенкур во 70.минута и тие 0:1 важеа се до 87.минута кога домашните израмнија со голот на Орбан, а во шестата минута од судиското продолжение, односно буквалвно во последните секунди Собошлаи постигна гол за победа и три бода за Лајпциг.