Германскиот тим Телеком Бон е победник на годинашното издание на кошаркарската Лига на Шампиони на ФИБА. За нас е многу поважно што нашиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс беше најдобар поединец во победничкиот тим во вечерашното финале против Хапоел Ерусалим.
Финалето се одигра во Малага, а тимот на Телеком Бон победи со 77:70.
Ти – Џеј Шортс постигна 29 поени и беше убедливо најдобриот поединец кај тимот кој што ја освои Лигата на Шампионите за оваа сезона.