Ненад Димитријевиќ открива интересни детали за својот приватен живот (ВИДЕО)

3926

Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ за кратко време се наметна како лидер во редовите на Уникс Казан. Можеби преслебата од Шпанија во Русија изгледаше поинаков предизвик, но Димитријевиќ се пронајде токму во дресот на Уникс Казан. Токму благодарение на неговите игри сега се веќе на чекор до титулата во ВТБ-лигата.

Димитријевиќ постојано е во центарот на вниманието, тој одлучи да сподели детали од неговиот приватен живот, како и првиот ден во Казањ, кој дефинитивно нема да го заборави поради долгото патување.

Нено морал да спие на аеродром во Истанбул, а кога пристигнал веднаш заминал во сала за да се запознае со клубот и сите вработени. Тука не завршил денот, го одбирал својот стан, за кој морал да купува многу работи.

„Беше многу напорен ама убав ден“, вели Нено.

Димитријевиќ кој неодамна стана татко доби син, вели дека дури на 17 години го имал првиот љубовен состанок. Тоа се случило додека престојуваше во Бадалона, бил во ресторан во Барселона. Тој претходно целосен бил посветен на кошарката, затоа не размислувал многу за љубовниот живот.

Нено на 14 години замина во Хувентуд, тој од мали нозе играше за Јуниор, клуб и школа кое своевремено беше вистинска „фабрика“ за млади таленти, најголемата шокола за мини-баскет.

Првиот дрес кој кој го има бил од Саша Ѓорѓевиќ, а кога станува збор за фудбалски клуб, навивал за Атлетико Мадрид, има дрес од Диего Коста. Од 2004 година, Димитијевиќ е голем фан на Челзи, ги сака Дрогба, Мурињо, Лампард.

Што се однесува до НБА-лигата, идол му е Ален Ајверсон, а во својата богата колекција на патики, ги има патиките од Леброн. Тој вели дека со посебна возбуда го гледал финалето меѓу Мајами и Кливленд.

Интервјуто можете да го видите во продолжение.

ПретходноПМФЛ: Супер – дерби за крај, Шкупи и ја предава круната на Струга ТЛ…
СледноСилна „генералка“ за Македонија пред Еуроволеј 2023: Грција и Израел доаѓаат на Меморијалот „Чајка“