ПМФЛ: Супер – дерби за крај, Шкупи и ја предава круната на Струга ТЛ…

191

 

Денеска со натпреварите од 33.коло завршува 31 сезона во ПМФЛ. Мечевите започнуваат од 17 часот, а сите погледи на јавноста ќе бидат вперени кон Струга, каде се игра супер – дербито меѓу Струга ТЛ и Шкупи. Ова ќе биде дуел на новиот и стариот шампион, денеска чаирчани ќе им ја предадат круната на стружани кои најмалку до мај следната година и официјално ќе се нарекуваат, со право, шампиони, најдобри во Македонија.

Натпревар кој ќе биде само за престиж ако се знае дека битката за титулата беше решена минатиот викенд, секакако дека Струга ТЛ сака со стил да ја прослави титулата, а Шкупи да покаже дека е тим кој заслужи да биде втор, пред третата Шкендија.

Како и овој така и сите останати натпревари од ова последно коло сезонава се без никакво резултатско значење. Интересно ќе биде на Маџари каде Работнички ја дочекува Шкендија, Скопје на Автокоманда ја дочекува Брегалница, А. Пандев игра со Силекс а Тиквеш во Прилеп ќе ја има таа чест да ја испрати Победа официјално во Втора лига.

Македонија ЃП е слободна.

Со ова коло се става крај на 31 сезонава во ПМФЛ во самостојна Македонија. Сезона која ќе се памети по мега – успехот на Струга ТЛ, по фактот дека се играше со еден тим помалку по откажувањето на Ренова, со тоа дека Шкендија како наш најбогат клуб и втора сезона остана без титулата, по испаѓањето на Победа во ВМФЛ…

И официјално. Струга ТЛ е првак и ќе игра во квалификациите во ЛШ, Шкупи и Шкендија ќе играат во квалификациите во ЛК, Скопје ќе игра бараж за останување во елитата со второлигашот Вардар а Победа испадна во понизок ранг.

 

 

ДВОЈКИ ЗА 33.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)

ПОБЕДА – ТИКВЕШ

СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА

А.ПАНДЕВ – СИЛЕКС

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА

СТРУГА ТЛ – ШКУПИ

МАКЕДОНИЈА ЃП (СЛОБОДНА)

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 65, Шкупи 58, Шкендија 54, Силекс 47, Македонија ЃП 39, Брегалница 38, Тиквеш 37, Работнички 37, А. Пандев 27, Скопје 22, Победа 13…бодови

ПретходноМуарем ја заврши кариерата, најавено е дека ќе биде помошник на новиот тренер на Гостивар, најверојатно Жикица Тасевски!
СледноНенад Димитријевиќ открива интересни детали за својот приватен живот (ВИДЕО)