Завршија првите полувремиња од сите пет мечеви во последното коло попладнево во ПМФЛ. Во супер – дербито во Струга каде играат новиот и стариот шампион, води Шкупи и тоа со голот на Адетунџи во 28.минута.
Иако игра речиси со најдобриот состав, сепак евидентно е дека Струга ТЛ како да се чува, ако се знае дека в сабота игра во финалето на Купот на Македонија.
Скопје и Брегалница играат 1:1, Ѓорѓиев ги донесе “сините“ во водство, за да Хајдари израмни.
На Маџари екипите на Работнички и Шкендија играат без голови.
Голеада во Струмица, до 20 минута беа постигнати четири гола. А. Пандев водеше со 2:0, но кратовци израмнија на 2:2.
Победа на својот последен меч како прволигаш, има водство против Тиквеш со 1:0 со голот на Ѓурковиќ.