Реал се откажа од Мбапе: Ова лето приоритет е Белингем

163

Реал Мадрид нема да води преговори со ПСЖ за потпис на напаѓачот Килијан Мбапе во претстојниот преоден рок, пренесе авторитетниот шпански весмик „марка“.

Преселба на играчот во 2023 година не е опција поради платата на играчот и неподготвеноста на Реал Мадрид да му плати на ПСЖ голема отштета. Ситуацијата може да се промени само во 2024 година доколку Килијан реши да го напушти клубот една година пред истекот на договорот. Во моментов Реал Мадрид го смета Винисиус за значајна фигура во тимот и има целосна доверба во играчот. Мбапе беше блиску до преминување во Реал Мадрид минатата година, но на крајот го продолжи договорот со ПСЖ.

ПретходноПо срамниот напад на полицаец врз Талески: МВР оформила предмет за инцидентот
СледноФеникс го „шутна“ Монти Вилијамс