Силна „генералка“ за Македонија пред Еуроволеј 2023: Грција и Израел доаѓаат на Меморијалот „Чајка“

207

Годинешното издание на еден од најстарите традиционални одбојкарски турнири кај нас, Меморијалот „Бранко Хаџииљовски – Чајка“ ќе се одржи од 18 до 20 август и ќе биде генерална проба за македонската машка одбојкарска репрезентација пред настапот на Европското првенство во Скопје кое почнува на 30 август.

Организаторите на турнирот, семејството Хаџииљовски и Одбојакрската федерација на Македонија полека ги договорија учесниците на годинешното издание. Потврдено е доаѓањето на силните репрезентации на Израел и Грција, а во комбинација се уште неколку репрезентации.

Планот е на турнирот да настапат четири репрезентации, меѓу кои, секако, и Македонија.

ОФМ пред новото издание на турнирот „Чајка“ е во преговори со репрезентацијата на Романија која исто така треба да дојде во Скопје на пријателски (најверојатно две) средби со нашата репрезентација.

ПретходноНенад Димитријевиќ открива интересни детали за својот приватен живот (ВИДЕО)
СледноВо Битола стартува втората полуфинална пресметка!