Феникс го „шутна“ Монти Вилијамс

264

НБА тимот Феникс Санс одлучи да го отпушти 51-годишниот Монти Вилијамс од тренерското место, кој беше на оваа позиција од 2019 година. Разделбата дојде откако Феникс ја заврши серија во конференциското полуфинале од плеј-офот по поразот од Денвер со 4:2.

Вилијамс беше прогласен за тренер на годината во НБА лигата во 2021-2022 година и го предводеше Феникс во плеј-офот во изминатите три сезони. Најдобар резултат од заедничката работа на Вилијамс и Феникс беше големото финале на НБА лигата во 2021 година, кога клубот од Аризона беше поразен од Милвоки.

ПретходноРеал се откажа од Мбапе: Ова лето приоритет е Белингем
СледноКениец истрча најдобро време на „стотка“ оваа година