Фиорентина потврди: Барса може да го добие Амрабат за 20 милиони евра

125

Фиорентина е подготвена да и го продаде на Барселона Мароканецот Софијан Амрабат. Според италијанските медиуми, клубот од Фиренца на лето има намера да инкасира најмалку 20 милиони евра за 26-годишниот играч за врска кој и самиот почна да инсистира на трансфер во Шпанија.

Договорот меѓу Амрабат и Фиорентина е со важност до летото 2024 година, но договорот има опција за продолжување на една година. Раководството на италијанскиот тим му ветило на Софијан  дека ќе му помогне да се пресели во Барса на крајот од сезоната, но нема да прифати понуда под поставените 20 милиони евра.

Оваа сезона Амрабат одигра 45 натпревари за „виолетовите“ и имаше само една асистенција.

ПретходноКениец истрча најдобро време на „стотка“ оваа година
СледноЕгзодусот од Чаир продолжува: И Пепи Ѓорѓиев си замина од Шкупи!