Хаварија на Арсенал, Брајтон со лекција на „Емирати“ (ВИДЕО)

186

Ако некој сметаше дека тимот на Арсенал е кадарен сезонава да ја освои титулата во Премиер лигата очигледно и тоа како се излажал. Барем ако се смета за релевантен денешниот дебакл на „Топџиите“ на домашен терен против тимот ан Брајтон, кој на „Емирати“ стадионот исвојува огромна победа од 0:3. Речиси неверојатно, ако се земе в предвид фактот дека Арсенал е втор и се бори за титулата заедно со Сити.

До полувреме се беше во ред, освен што Арсенал не ја погоди противничката мрежа. Потоа следуваше голот на Енцисо во 51. минута, Арсенал навали да израмнува но наместо тоа се случи голот на Ундав за 0:2. Конечниот удар се случи во шестата минута од продолжението кога Еступиан погоди за 0:3.

Катастрофата на Аесенал денеска многу веројатно ќе значи и губење на титулата која што толку многу ја посакуваа.

ПретходноШАМПИОНИ…ШАМПИОНИ: Струга ТЛ е новиот владател на мак – фудбалот, пехарот во рацете на шампионот! (ВИДЕО)
СледноТалески за СПОРТМЕДИА: За жал, ова најмалку треба да биде слика од еден спортски настан!