Баскет Кам го симна Бадел 1862 од тронот за втора титула во историјата!

161

Екипата на Баскет Кам е новиот првак во женска конкуренција, откако го совлада Бадел 1862 со 68-59 за 3-0 во финалната серија. Кошаркарките од Македонска Каменица заслужено се радуваа на втората титула во својата историја.

Во првиот дел Бадел 1862 беше далеку подобар противник, на одморот водеше со 33-20, но не успеа да го задржи ова водство. Баскет Кам чекор по чекор ја анулираа негативата и тоа благодарение на Тасевска која постигна пет тројки, односно 22 поени и сосема заслужено беше прогласена за МВП. Во последната четвртина гостинскиот тим дојде до позитива од 49-59, доволна за триумф.

Кај Бадел, Метју имаше исто така 22 поени, но тоа не беше доволно за нешто повеќе.

ПретходноСевиља со тројка го “поздрави“ Ваљадолид! (ВИДЕО)
СледноФОТО НА ДЕНОТ: Ова се новите шампиони, ова е Струга Трим Лум, ова е најдоброто во Македонија!