Битолчани поднесоа жалба до РФМ за судењето на куп-финалето против Вардар (ВИДЕО)

371

РК Еурофарм Пелистер денеска поднесе жалба до Ракометната федерација на Македонија (РФМ) за судењето на мечот против Вардар 1961 во финалето од Купот на Македонија. Како што објавија од клубот, жалбата е поднесена поради една од последните одлуки на судиската двојка Николовски – Металари. Вардар имаше еден гол предност, а во последниот напад на вардарци, Филип Талески имаше шут, кој, според пелистерци, е направен по одлука за пасивен напад на арбитрите со намера да се потроши време.

Еурофарм Пелистер се повикува на правилото број осум на ИХФ, според кое направена е материјална штета и прекршени се новите правила според кои секој потег кој во последните триесет секунди од мечот кој на било каков начин задржува или троши време автоматски значи седмерец и црвен картон за противникот.

ПретходноИвановски поразен во финалето на ИТФ турнирот во Србија
СледноИталијанската федерација отвори постапка против Милан за заканите од навивачите по мечот со Специја