Буњамин Шабани со пехарот: Ова е моја прва титула во ПМФЛ, Струга ТЛ направи чудо, пресреќен сум! (ФОТО)

651

Од денеска Струга ТЛ и официјално е шампион на Македонија. Во дуелот со досегашниот шампион Шкупи, во меч од последното коло стружани славеа со 2:1 а потоа на Шабани и Таири, како капитени, им беше доделен и пехарот по што следуваше голема радост и прослава.

За Спортмедиа, свој коментар има токму Шабани, најдобриот фудбалер сезонава во ПМФЛ:

Уф, ова е чудо што го направи Струга ТЛ. Да ви кажам дека сум пресреќен, не можам да и му се изнарадувам на овој голем успег за мене, но и за клубот. Да се биде пред Шкупи и Шкендија секако дека е голема, голема работа. Сепак мора да се каже дека едноставно бевме најдобри, во текот на целата сезона од првото до последно коло бевме први и на крајот еве заслужено дојде титулата. Сум играл во многу клубови во Македонија, но ова за мене е првата титула. Сега е време за прослава, а од утре ќе размислуваме за финалето во Купот каде ќе одиме по нов пехар“ истакна Шабани.

No description available.

No description available.

ПретходноФОТО НА ДЕНОТ: Ова се новите шампиони, ова е Струга Трим Лум, ова е најдоброто во Македонија!
СледноЌатип Османи си поднесе оставка: Ова беше мојот последен меч како тренер на Шкендија!!!