Кенискиот спринтер Фердинанд Омањала го истрча најбрзото време на светот оваа година на 100 метри на меѓународниот митинг во родниот Најроби. Омањала „стотката“ ја истрча за 9,84 секунди и убедливо ги победи двајцата Американци, Кевин Беднарек и Марвин Брејси-Вилијамс.
Омањала по настапот изјави дека и не е задоволен бидејќи сакаше да го собори африканскиот рекор кој го постигна пред две години на истиот стадион, кога истрча 9,77.