Муарем ја заврши кариерата, најавено е дека ќе биде помошник на новиот тренер на Гостивар, најверојатно Жикица Тасевски!

1788

 

Вчерашниот меч меѓу Караорман и Гостивар, на кој славеше сега веќе новиот прволигаш со 0:2, беше последен за Муарем Муарем. Играчот на Гостивар и еден од најзаслужните за враќањето на овој клуб во ПМФЛ по цела една деценија, ја заврши кариерата.

Популарниот Муки ќе остане во клубот, и тоа како помошник на новиот шеф на стручниот штаб, најверојатно Жикица Тасевски.

Инаку Муки става крај на својата кариера на 34 години. Тој е некогашен фудбалер на Работнички,Тетекс, Ордуспор (Турција), Карабах (Азербејџан), Ескишехир (Турција), Актобе (Казахстан), ШКупи, Фљамуртари (Албанија), Брегалница има и шест настапи на нашата најдобра репрезентација.

ПретходноСе повреди еден од клучните играчи на Реал пред реваншот со Сити!
СледноПМФЛ: Супер – дерби за крај, Шкупи и ја предава круната на Струга ТЛ…