Се повреди еден од клучните играчи на Реал пред реваншот со Сити!

968

Реал Мадрид го победи Хетафе со 1-0 на „Сантијаго Бернабеу“ во рамките на 34. коло во Ла Лига, што значи дека Барселона мора да го победи Еспањол во неделното градско дерби доколку сака да стане шампион по 27-ми пат и првпат од 2019 година. Реал ја намали разликата зад Барселона на единаесет бодови, а до крајот на првенството остануваат уште четири кола.

Загрижувачка вест за Карло Анчелоти е повредата на Едуардо Камавинга, еден од неговите клучни играчи. Французинот излезе од теренот во 84. минута поради болки во коленото.

„Го истегна коленото, но стабилно е. Го боли, но важно е да може да го свитка. Доби еден удар, но има 20 години и ќе закрепне. Утре ќе одмори и може да им се придружи на останатите тимот во понеделник“, рече Анчелоти по натпреварот.

ПретходноШампионска фешта покрај езеро: Струга ТЛ денеска го добива пехарот!
СледноМуарем ја заврши кариерата, најавено е дека ќе биде помошник на новиот тренер на Гостивар, најверојатно Жикица Тасевски!