Ротердам гори со денови, а денеска е особено лудо во градот бидејќи од утрото во центарот на градот трае прославата на Феенорд која ја освои титулата во Холандија после шест години пауза.
Низ улиците и плоштадите одекнуваат песни, од балконот на градското собрание им се обратија играчите, а пред него се случи неверојатна и емотивна кулминација на прославата.
Роднините на тешко болните навивачи на Феенорд од различни возрасти ги донесоа на прославата во нивните болнички кревети за веројатно последен пат да присуствуваат на ваква прослава. Оркун Кокчу, капитенот на тимот и Џастин Бијлоу, голманот на тимот, се симнаа од балконот и се ракуваа со смртно болните навивачи на Феенорд.
📸 : Dennis van Eersel Twitter
View this post on Instagram
View this post on Instagram